Top Sport

Фирмино ја надмина повредата

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, се опорави од повредата и се очекува во рок од неколку дена да почне да тренира со тимот на „црвените“.

„Речиси сум целосно здрав, фала му на Бога. Веројатно ќе тренирам, уште утре. Ако се биде добро, тогаш ќе бидам подготвен за мечот со Брентфорд“, изјави Фирмино.

Бразилецот одлично ја стартуваше сезоната во Премиерлигата, постигнувајќи седум гола пред паузата за Светското првенство, а додаде и три асистенции. И покрај одличните настапи за „црвените“, Фирмино не беше вклучен во составот на Бразил за Мундијалот во Катар.

Фирмино нзјави дека е мотивиран да се врати на теренот посилен од било кога.

Scroll to Top