Англискиот шампион Манчестер Сити има намера да го направи Јошко Гвардиол најскап дефанзивец во светот. „Граѓаните“ се подготвени да платат 110 милиони фунти за хрватскиот централен дефанзивец и да ја победат конкуренцијата од Челси, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона, кои исто така се заинтересирани за играчот на Лајпциг.
Челси се обиде да го доведе Гвардиол и минатото лето, кога Лајциг ја одби понудата од 80 милиони фунти на лондончани. По одличниот настап на централниот дефанзивец за време на Светското првенство во Катар, неговата цена дополнително порасна.
Хари Мегваер и понатаму е најскапиот дефанзивец во светот, откако Манчестер Јунајтед за него плати 85 милиони фунти на Лестер во 2020 година.