Top Sport

Манчестер Сити подготви 70 милиони евра за ѕвездата на Милан

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе се обиде да го купи напаѓачот на Милан, Рафаел Леао. За овој трансфер „граѓаните“ веќе имаат подгоптвено понуда од 70 милиони евра.

Пеп Гвардиола е голем фан на играта на Леао и сака да го има во тимот за следната сезона заедно со Хари Кејн или со Ерлинг Халанд. Понудата за Леао е веќе подготвена и ќе биде испратена на „Сан Сиро“.

Манчестер Сити е во неизвесна трка со Ливерпул за освојување на титулата во Премиерлигата, а тимот на Гвардиола обезбеди пласман и во полуфиналето на Лигата на шампионите каде ќе се сретне со Реал Мадрид.

Scroll to Top