Top Sport

Манчестер сити повторно е на врвот на Премиер лигата (видео)

Актуелниот англиски шампион, Манчестер сити се врати на првото место во Премиер лигата (барем привремено), откако на тешкото гостување кај Евертон си замина со 2:0 победа, која може да биде клучна во борбата за трофејот со Ливерпул.

Сити сега има натпревар повеќе од Ливерпул (кои во сабота го пречекуваат Бурнемаут) и двата клуба имаат по 62 поени, но клубот од Манчестер е на врвот поради подобрата гол разлика (67:20 во однос на 56:15 на „црвените“).

Клучниот човек за тимот на Пеп Гвардиола беше дефанзивецот Ајмерик Лапорт, кој во судското продолжение во првото полувреме, кога по еден слободен удар на Давид Силва беше највисок во скокот и го совлада Џордан Пикфорд. Длабоко во судското продолжение, Габриел Жесус ги постави конечните 0:2 во 98. минута од мечот.

Дел од навивачите на Ливерпул на социјалните мрежи беа лути на менаџерот на градскиот ривал Евертон, Марко Силва, кој стартуваше со првите ѕвезди Ришарлисон, Сигурдсон и Тосун на клупата (иако тројцата добија шанса во второто полувреме).

Фото: ЕПА


Scroll to Top