Top Sport

Манчестер Сити сака да го купи Бакајо Сака, но Арсенал му нуди нов договор

Арсенал инвестираше многу во својот тим ова лето. Во клубот пристигнаа Маркињос, Тарнер, Виеира, Зинченко и Габриел Жесус. „Топчиите“ на крајот од минатата сезона ја пропуштија Лигата на шампионите, но Артета и Арсенал продолжуваат да привлекуваат квалитетни играчи.

Сепак, ќе мора да ги заштитат и своите. Англиските медиуми пишуваат дека Манчестер Сити сака да го купи англискиот репрезентативец Бакајо Сака.

20-годишниот Англичанец има договор до 2024 година, според кој заработува околу 75.000 фунти неделно. Новото долгорочно продолжување ќе му ја удвои платата, што ќе го доближи до моментно најплатените играчи во тимот, како Габриел Жесус и Томас Парти (200.000 евра неделно).

Разговорите се забрзани поради интересот на Манчестер Сити. Шампионите го идентификуваа Сака како идеална замена за Рахим Стерлинг, кој летово се пресели во Челси.

Scroll to Top