Како што се разгорува битката за титулата во Премиер лигата, така се нижат „ниските удари“. Легендата на Ливерпул, Џон Олдриџ воопшто не е импресиониран од актуелните англиски шампиони Манчестер сити оценувајќи ги како „мал клуб“ кој никогаш нема да може да се споредува со Ливерпул или Манчестер јунајтед.
„Граѓаните“ во својата неодамнешна историја дури имаа испаѓање во третата лига, пред купувањето на клубот од Шеик Мансур во 2009 година да направи пресврт и оттогаш клубот да освои три титули во Премиер лигата, три во Лига купот и една од ФА купот.
Според Олдриџ, успехот е импресивен, но всушност тимот имал среќа со тоа што добил милијардери за сопственици и никогаш нема да ја носи славата на Ливерпул и Манчестер сити.
„Реалноста е дека очекувањата во Ливерпул секогаш ќе бидат различни од очекувањата во Манчестер сити. Тоа е предност за Сити и секогаш ќе биде тема – еден од најголемите тимови во историјата се бори против мал тим кој во основа имаше среќа и си најде богат инвеститор. Ги почитувам навивачите на Сити, и сфаќам зошто се навредени кога ќе им се каже дека се мал клуб, но сите надвор од нивниот круг ги гледаат така и покрај овие трофеи. Секогаш ќе бидат мал клуб покрај соседите Манчестер јунајтед и покрај Ливерпул, бидејќи тоа се тимови со децении успех кој им дозволи да станат спортски гиганти на светска сцена. Децата во Кина ги гледаат мечевите на Ливерпул и се нервираат. Кафеаните во Америка се полни со фанови во црвено кои гледаат ТВ, додека Сити си работат без некој да ги забележи“, вели Олдриџ.