Top Sport

Јувентус сака да го врати Заниоло во Серија А

Јувентус ќе се обиде да го ангажира италијанскиот интернационалец Николо Заниоло. Офанзивецот настапува за Галатасарај откако ја напушти Рома во скандал на почетокот на годината.

„Старата дама“ има одредени финансиски потешкотии, но ќе се обиде да ги намали трошоците за трансферот со тоа што во својата понуда ќе ги вклучи Вестон Меккени или Моис Кин.

За Заниоло во Италија се заинтересирани и Наполи, Милан и Фиорентина. Уште пред да се пресели во турскиот клуб се шпекулираше дека играчот од средниот ред повеќе би сакал кариерата да ја продолжи во некој друг клуб во Серија А.

 

Scroll to Top