Англискиот првак Манчестер Сити ќе се обиде да го доведе дефанзивецот на Штутгарт, Борна Соса. Левиот бек се најде на листата на желби на „граѓаните“ како поевтина опција од Марк Кукуреља од Брајтон, тврди „Скај Германија“.
Шампионот има итна потреба од засилување на левата страна во одбраната по продажбата на Олександр Зинченко во Арсенал.
Желбата на Пеп Гвардиола е да го ангажира Кукуреља, но преговорите со Брајтон се тешки, а „галебите“ ја одбија првата понуда на Манчестер Сити од 30 милиони фунти. Токму затоа на „Етихад“ разгледуваат и друга опција.