Големите тимови секогаш го бараат следниот фудбалски талент и не се плашат да дадат пари за недокажани млади фудбалери. Тоа уште еднаш може да се потврди со 17-годишниот Тијаго Алмада, „чудото од дете“ од Велез Сарсфилд, за кого многумина сметаат дека е „новиот Лионел Меси“, а Манчестер сити се подготвени да дадат 20 милиони фунти да дознаат дали навистина е така.
Manchester City are willing to spend a remarkable £20 million to sign Velez Sarsfield wonderkid Thiago Almada (18).
City are so desperate to sign Almada, they could transfer him to partner club Girona, before resolving their problems with FIFA.
[@reluctantnicko] pic.twitter.com/2Gqa81DG8q
— City Xtra (@City_Xtra) April 21, 2019
Алмада, кој е редовен стартер во својот тим во аргентинската Примера дивизион, се смета за најдобриот млад талент од оваа земја, а откако Пеп Гвардиола пратил скаути да го гледаат тинејџерот, се верува дека тој следната година ќе дојде на „Етихад“ за убави 20 милиони фунти.
Ако постојат проблеми со работната дозвола, но и со правилата на ФИФА за ангажирање тинејџери, Сити се подготвени да го пратат Алмеда на „калење“ кај нивниот „сестрински“ клуб Џирона во Ла лига, тврди „Сан“.