Top Sport

Манчестер сити тврдат дека се жртви на завера на европските клубови

Казната што Манчестер сити ја добија од УЕФА според клубот е само почеток на пресметката со сопствениците, позади кои стојат Обединетите Арапски Емирати. Англиските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори во Сити, пишуваат дека во клубот веруваат дека се жртви на неколку европски клубови и конкурентите од Катар.

Кој можел да го намести Манчестер сити кај УЕФА, доколку такво нешто воопшто постои. Сопствениците веруваат дека позадината на целиот случај е политичка и дека креатор е државата Катар.

Оттука е јасно дека првиот клуб во кој се сомневаат е Пари Сен Жермен чии прв човек Наср Ал-Келаифи е во извршниот комитет на УЕФА како еден од претставниците на асоцијацијата на клубовите.

Кога станува збор за други клубови, во Сити се убедени дека во „местенката“ учествувале и Баерн Минхен, односно Реал Мадрид, но и конкурентите од Англија кои ќе профитираат од казната.

Адвокатите на Манчестер сити тврдат дека клубот не требало да биде казнет бидејќи целата работа била решена уште во 2014 година. Според нив поради тоа периодот од 2012 до 2016 повеќе не може да биде предмет на истрага.

Сити одлуката на УЕФА ја обжалија пред Судот за спортска арбитража во Лозана. Додека се чека одлуката навивачите јасно го кажаа ставот дека го поддржуваат клубот. Сметаат дека во прашање е заговор кој треба да го спречи Сити да завладее со европскиот фудбал.

Scroll to Top