Top Sport

ВАР ќе се користи во Лига Европа и на ЕУРО 2020

Европската фудбалска федерација (УЕФА) соопшти дека ВАР системот во иднина ќе биде во употреба и на натпреварите во Лига Европа (од 20 февруари), а ќе се биде во функција во плејофот за пласман на Европското првенство и на ЕУРО 2020. Челниците на УЕФА дополнително ќе објавата дали судиите ќе имаат помош од видео-технологијата и во европските квалификации за пласман на Светското првенство.

УЕФА не го кријат задоволството од начиниот на кој досега ВАР се „покажал“ во Лигата на шампионите, потсетувајќи дека видео-технологијата се применува само за јасни и очигледни грешки, но не и за контроверзни ситуации.

Претседателот на одборот за судии Роберто Росети рекол дека во судиската организација на УЕФА били „многу задоволни од она што го виделе во фазата по групи во Лигата на шампионите“.

Scroll to Top