Фудбалската репрезентација на Италија ги стартуваше подготовките за баражот против Македонија в четврток за пласман на Светското првенство. Селекторот Роберто Манчини верува дека неговата селекција ќе обезбеди пласман на мундијалот во Катар.
„Нашата цел е да ја направиме Италија светски првак. После европската титула, следната цел која си ја поставивме е да стигнеме до светската титула. Мораме да одиме по потешкиот пат до СП во Катар, но верувам во оваа селекција и во квалитетот на фудбалерите. Прва пречка ни е Македонија и ние максимално ќе се подготвиме за дуелот в четврток. Верувам во победа, а потоа треба да победиме и во финалето на плејофот за да се пласираме на Светското првенство“, изјави Роберто Манчини.
Тој го повика десниот бек на Јувентус, Матија Де Шилјо во националниот тим, по повредата на Џовани Ди Лоренцо.