Top Sport

Манчини доби седум „откажувања“ за мечот со Турција

Италијанската фудбалска репрезентација загуби уште еден играч за пријателскиот меч со Турција по елиминацијата од Македонија, откако дефанзивецот на Лацио, Луиз Фелипе се повлече поради повреда.

Италија гостува во Коња во еден од најбезначајните мечеви во вторник, и Фелипе е седмиот фудбалер кој му откажа на селекторот Роберто Манчини, откако Марко Верати, Лоренцо Инсиње, Чиро Имобиле, Доменико Берарди, Џанлука Манчини и Жоржињо предвреме се вратија во своите клубови.

Луиз Фелипе првпат беше повикан во репрезентацијата за мечот против Македонија, но не влезе во игра.

ГОЛМАНИ: Алесио Крањо (Каљари), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Пјерлуиџи Голини (Тотенхем), Салваторе Сиригу (Џенова)

ОДБРАНА: Франческо Ачерби (Лацио), Алесандро Бастони (Интер), Кристијано Бираги (Фиорентина), Леонардо Бонучи (Јувентус), Џорџо Кјелини (Јувентус), Матија де Шиљо (Јувентус), Емерсон Палмиери (Лион), Алесандро Флоренци (Милан)

СРЕДЕН РЕД: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Мануел Локатели (Јувентус), Лоренцо Пелегрини (Рома), Матео Песина (Аталанта), Стефано Сенси (Сампдорија), Сандро Тонали (Милан)

НАПАД: Андреа Белоти (Торино), Жоао Педро (Каљари), Матео Политано (Наполи), Џакомо Распадори (Сасуоло), Џанлука Скамака (Сасуоло), Матија Ѕакањи (Лацио), Николо Заниоло (Рома)

Scroll to Top