Поранешниот менаџер на Манчестер сити, Интер, Галатасарај и Зенит, Роберто Манчини официјално е именуван за селектор на италијанската репрезентација.
53-годишниот Манчини се согласи на двегодишен договор за да го замени Џанпјеро Вентура, кој беше отпуштен откако Италија не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, нешто што во Италија беше сфатено како национална катастрофа.
Манчини претходно се согласи за взаемен раскин на договорот со Зенит Санкт Петербург. Манчини го предводеше Манчестер сити до прва титула по 44 години во 2012 година, по што работеше во Галатасарај и Интер пред да дојде во Зенит во јуни 2017.
Манчини, кој имаше 36 настапи за италијанската репрезентација, ќе има тешка задача да го обнови тимот по пензионирањето на голем број на ветерани (Барѕаљи, Буфон, Кјелини) и да ги пласира „аѕурите“ на Евро 2020.
Roberto #Mancini has signed as the new #Italy Coach! ???
The @FIGC has reached an agreement with Mancini to start in the role and there will be an official presentation tomorrow at 12:00 CEST in #Coverciano.#VivoAzzurro pic.twitter.com/xp9v22Vx5A
— Italy (@azzurri) May 14, 2018