Работнички уште еднаш ќе се бори за титула во македонската кошарка, откако во третиот полуфинален меч од плеј-офот со 81:65 го совлада Куманово за со 3:0 да ја добие серијата.

Мечот започна одлично за тимот на Марин Докузовски, со фуриозно водство од 14:4, по што Куманово до крајот на мечот не успеа да направи пресврт и да ја продолжи полуфиналната серија. Гинјард и Еванс имаа по 17 поени за Работнички, додека кај кумановци најефикасен беше Стајиќ со 15 поени.

Работнички сега го чека подобриот од второто полуфинале, во кое МЗТ Скопје води со 2:1 против тимот на Блокотехна.