Top Sport

Манчини: Италија сака титула на Евро 2020

Италијанскиот селектор Роберто Манчини признава дека желбата е да се освои Европското првенство во фудбал во 2020 година, сметајќи на Франција, Германија и Шпанија како на главни конкуренти за титулата.

„Аѕурите“ првпат во историјата се квалификуваа со стоотстотен учинок, победувајќи во сите 10 меча и ќе ги играат првите три меча на ЕП на „Олимпико“ во Рим во групата А со Турција, Велс и Швајцарија.

„Италија има славно минато и сакам да имаме голема иднина. Се надевам дека можеме до титулата на Евро 2020, но нема да биде воопшто лесно и мораме да се подобриме во следните шест месеци. Има посилни репрезентации од нас, но фудбалот се игра на резултат и веруваме во квалитетите и сакаме да сме европски шампиони. Италија, исто како и Франција, Германија или Шпанија секогаш одат на титула и мораме да го заддржиме тој статус“, вели Манчини.

Тој успеа да го трансформира тимот кој не успеа да се квалификува на СП во 2016 под Џан Пјеро Вентура, играјќи со повеќе млади фудбалери и со 4-3-3 формација.

„Успеваме да ја држиме топката и да играме пресинг, така што има разлики во системот, во одбрана и во напад. Секој тренер има свои идеи, но треба да ги наметне на своите фудбалери. За мене е чест и гордост да ја водам Италија во таква тешка ситуација. Но, сакам да направам тим кој ќе го изддржи тестот на времето“, објаснува тренерот.

Scroll to Top