Top Sport

Арум: Џошуа не може да нокаутира дебела свиња, Пулев ќе го уништи

Славниот боксерски промотер, Боб Арум се чуди како Ентони Џошуа не можел да го нокаутира „дебелиот“ Енди Руиз Јуниор, и предвидува дека неговиот најверојатен следен противник, бугарската „Кобра“, Кубрат Пулев ќе го декласира во рингот.

Џошуа ги врати ВБА, ВБО и ИБФ титулите со едногласна победа на поени на 7 декември во Саудиска Арабија, и иако дел од стручњаците беа импресионирани од стабилноста на Џошуа, многу боксерски фанови беа разочарани од внимателноста и недостатокот на акција против тешкиот Руиз. Арум, кој порано му беше промотер на Руиз, беше брутален.

„Тоа беше среден прст кон сите боксерски фанови, начинот на кој Руиз се подготвуваше за меч за титула. Боксерите имаат одговорности, не само кон себе, туку и до јавноста, а тој се појави како дебела свиња. Секој пристоен тешкаш ќе го победеше и сите го знаат тоа. Џошуа само го направи тоа што беше потребно, но нема пофалби кон него. Сите би оделе на нокаут, а тој се задоволи со недостоен меч“, вели Арум.

Иако повторно фановите и промотерите бараат дуел на Џошуа против победникот од ри-мечот, Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, речиси е сигурно дека Џошуа ќе боксува со ИБФ предизвикувачот, бугарскиот тешкаш Кубрат Пулев.

„Имам боксер кој ќе го победи Џошуа поради неговиот стил, Кубрат Пулев. Да видиме дали Џошуа ќе биде тука кога Вајлдер и Фјури ќе ја завршат битката. Прво ќе го победиме Џошуа, а потоа и Олександер Усик“, додава Арум.

Џошуа повторно е светски шампион, „дебелкото“ Руиз заврши со пукната аркада (видео)

Scroll to Top