Top Sport

Манчини: На Италија целта не е пласман на Евро 2020, туку титулата

Италијанскиот селектор Роберто Манчини пред мечот со Грција на „Олимпико“, на кој „аѕурите“ можат да се квалификуваат за Европското првенство во 2020, вели дека амбициите на неговата репрезентација мора да бидат поголеми, како трофеј следната година.

Со победа вечерва, Италија ќе се квалификува на три кола пред крајот, нешто што досега се нема случено, но и ќе се доближат до низата од 9 победи, рекордот на Виторио Поцо од 1938 година. Манчини беше запрашан дали дојде крај на долгата традиција на бирање на фудбалери од одредени италијански клубови, бидејќи вечерва во Рим може да стартуваат фудбалери од девет различни клубови.

„Потешко е, посебно на стартот, бидејќи кога имаш три-четири фудбалери од ист тим можат полесно да се вклопат. Но, мислам дека ги надминавме пречките многу добро. Среќен сум што дадовме идентитет на овој тим, кој игра напаѓачки фудбал, но мисли и на одбраната. Имаме уште една година пред Евро 2020 и мораме да станеме подобри и да имаме цел да ја освоиме титулата. Ние сме репрезентација со четири светски титули, секако дека мора да победуваме“, вели Манчини.

Scroll to Top