Top Sport

Мурињо: Се знае кој е најдобриот, стариот Роналдо

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Интер и Челси, Жозе Мурињо смета дека поранешниот бразилски напаѓач Роналдо е најдобриот фудбалер кој имал чест да го види, оставајќи ги на маргината Лионел Меси и Кристијано Роналдо, кои ја одбележија последната деценија.

Иако во својата кариера тренираше многу големи ѕвезди, фудбалерот со кој имаше среќа да се сретне на стартот на кариерата му оставил најдобар впечаток. Мурињо работеше како преведувач на Боби Робсон во периодот кога Англичанецот беше тренер на Барселона и имаше шанса да го види Роналдо во кација.

„Роналдо е ’Ел феномено’. Кристијано Роналдо и Лео Меси имаа подолги кариери, останаа на врвот во последните 15 години, меѓутоа ако зборуваме само за талент  и умешност, никој не беше подобар од Роналдо Назарио. Кога беше во Барселона со Боби Робсон, сфатив дека тој е најдобриот фудбалер кого сум имал чест да видам. Повредите ја прекратија кариерата која можеше да биде уште поневеројатна, но тогаш на 19 години, тоа беше апсолутно неверојатно“, вели Мурињо.

Роналдо постигна 47 гола во 49 настапи за Барселона таа сезона, по што играше во Интер и во Реал Мадрид, пред во 2011 да ја прекрати кариерата.

Scroll to Top