Селекторот на актуелните европски шампиони, Италија, Роберто Манчини вели дека е добро што ќе види дел од репрезентативците на неделното дерби помеѓу Интер и Јувентус на „Сан Сиро“, но смета дека има „премалку“ италијански фудбалери во последните шампиони на земјата.
„Задоволство е да се гледа таков меч, но мислам дека има премалку Италијанци во тимовите. И покрај тоа, очекувам добар меч кој нема да одлучува ништо бидејќи уште е рано. Јуве мораат да одат на победа, а Интер секогаш се опаси дома“, вели Манчини.
Во средината на теренот, дербито ќе донесе судир на двајца редовни репрезентативци, Николо Барела и Мануел Локатели.
„Тоа се двајца добри и млади фудбалери. Иднината е во нивните раце, а нашата репрезентација смета на нив“, додава Манчини.