Top Sport

Салах сака да остане во Ливерпул до крај!

Мохамед Салах вели дека сака да остане во Ливерпул до крајот на неговата кариера, но посочува дека конечната одлука за тоа уште колку ќе игра за „црвените“ не е негова.

29-годишниот Египќанец, кој се наоѓа во фантастична форма на стартот на 2021/22, има договор со клубот од „Енфилд“ до летото 2023 и Ливерпул подолго се обидуваат да ги завршат преговорите за нов долгорочен договор. Шпекулациите во англиските медиуми велеа дека најголема пречка е барањето на огромна плата на Салах, но тој пред дербито со Манчестер јунајтед не сакаше да зборува за парите.

„Тоа не зависи од мене, но ако ме прашувате јас би сакал да останам до крајот на фудбалската кариера. Не можам да кажам многу за тоа, бидејќи не е во мои раце. Работите зависат од тоа што сака клубот, а не од мене. Во моментов не би можел да се замислам да играм против Ливерпул. Тешко е и тоа би бил лош момент. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“, вели Салах за „Скај спортс“.

Scroll to Top