Top Sport

Манчини си заминал поради понуда од Саудиска Арабија?

Богата понуда од Саудиска Арабија е причината за оставката на Роберто Манчини на селекторската функција во италијанската репрезентација.

Како гром од ведро немо во Италија одекна оставката на селекторот Манчини. Потегот е шокантен бидејќи пред само неколку дена тој беше назначен и за координатор на младинските селекции на Италија, што требаше да му даде подобра контрола врз развојот на играчите на помладите селекции.

Манчини ја водеше Италија во последните пет години и со Азурите го освои Европското првенство.

Инаку, весникот Ал Ријад објави дека Италијанецот наскоро би можел да биде промовиран на селекторската позиција на Саудиска Арабија и дека ќе потпише договор три годишен договор.

Други извори тврдат дека разговорите ќе продолжат на почетокот на оваа недела пред да му биде претставена официјалната понуда.

Scroll to Top