Top Sport

(Видео) Осасуна победи во Галиција

Осасуна славеше на гостински терен против Селта Виго во првото коло од шпанската Ла Лига, со резултат 2:0. Екипата од Памплона му го расипа повратничкото деби на Рафа Бенитез во шпанскиот фудбал. Искусниот тренер од оваа сезона ја предводи Селта. Стрелци за тимот од Памплона беа Рубен Гарсија во 24. минута и Мои Гомез во 74. минута од натпреварот.

Двата гола беа постигнати на речиси идентиен начин. Кај првиот Будимир ја погоди гредата, а топката се одби до Гарсија која ја смести во голот.

Во 74.минута, Рубен Пена ја погоди стативата, а на топката налета Гомез, кој го совлада домашниот голман.

Осасуна во следното коло ќе се сретне со Атлетик Билбао, додека Селта ќе игра против Реал Сосиедад.

Scroll to Top