Марио Манџукиќ официјално се врати во Серија А. Поранешниот хрватски репрезентативец денес го стави својот потпис на договорот со Милан.
Манџукиќ беше без клуб од јули минатата година кога го напушти Ал-Духаил. Со Милан потпиша договор до крајот на сезоната, со можност договорот да биде продолжен и за наредната сезона.
До крајот на сезоната, Манџукиќ, фиксно ќе заработи 1,5 милиони евра, плус му следуваат бонуси поврзани за пласман во Лигата на шампионите и бројот на неговите настапи.
Манџукиќ во Милан ќе ја носи деветката.
За да потпише за Милан, Манџукиќ ги одбил понудите трите големи клуба од Москва (ЦСКА, Локомотив, Спартак), односно Бешикташ и Селта.
Official Statement: @MarioMandzukic9 ➡ https://t.co/g4peqjiQ7h
Comunicato Ufficiale: Mario Mandžukić ➡ https://t.co/gEHRYtZmQL #ReadyToUnleash #SempreMilan pic.twitter.com/NjmFT2ESVq
— AC Milan (@acmilan) January 19, 2021