Top Sport

Манџукиќ се прости со Милан по само шест месеци

Марио Манџукиќ потврди дека заминува од Милан по крајот на сезоната, откако помина само шест месеци на „Сан Сиро“, период во кој не успеа да остави некој поголем впечаток.

„Благодарен сум на менаџментот што ми ја даде оваа шанса. На сите мои соиграчи и на навивачите. Среќен сум што овој фантастичен клуб го вративме во Лигата на шампионите. На сите им посакувам многу среќа во иднината“, напиша Манџукиќ на Инстаграм.

Поранешниот напаѓач на Јувентус се мачеше со повреда на мускулите и одигра само 10 меча по слободниот трансфер минатата зима.

Scroll to Top