Сенегал првпат во својата историја успеа да стане шампион на Африканскиот куп на нации, откако по драматични и возбудливи 120 минути, а крајот пеналите го одлучија шампионот во големата пресметка со седумкратниот шампион Египет.
Во дуелот на двете први ѕвезди на Ливерпул, Садио Мане (Сенегал) и Мо Салах (Египет), Мане можеше да биде трагичар на турнирот, но на крајот беше херој, откако го постигна последниот гол во пенал-серијата. Претходно Мане уште во седмата минута од мечот имаше шанса да ги донесе „Лавовите од Теранга“ во водство кога беше досуден пенал по несмасниот старт над него, но по совет на Мо Салах, голманот Габаски успеа да му го одбрани.
По ова следуваа 120 минути игра со многу шанси на двете страни, иако Сенегалците беа помоќни, за на крајот победникот да се одлучува во пенал-серијата. Во втората сесија, прво Абделмонем беше непрецизен за Египет, но веќе во следниот обид Ибрахима Сар исто така не даде гол за да биде израмнето. Моханад Лашин исто така утна за Египет, по што Мане во вториот обид да го совлада Габаски беше успешен за големо славје.
??? Senegal campeona de África
? Penalti decisivo de Sadio Mane pic.twitter.com/qecH18Oi4w
— Diario_de_un_valencianista (@DValencianista) February 6, 2022
Sadio Mane consoles Mo Salah after scoring the winning penalty to win the #AFCON2021 for Senegal. ??#LFC pic.twitter.com/CXqNrtEwpY
— Gary Cassidy (@TheGaryCassidy) February 6, 2022