Top Sport

„Новите момци“ Влаховиќ и Закарија донесоа победа на Јуве

Ако се смета по првиот меч, Јувентус направи одлична зделка во јануарскиот преоден рок откако ги донесе Душан Влаховиќ и Денис Закарија, откако токму тие двајца фудбалери стрелаа за 2:0 победа над Верона и преземање на четвртото место на табелата во Серија А.

Влаховиќ, кој за големи пари пристигна од Фиорентина, уште во 13. минута од мечот ја затресе мрежата на гостите по одличната асистенција од Пауло Дибала, додека трите поени за „бјанконерите“ ги осигура Закарија (кој дојде од Баер Леверкузен) во 61. минута од мечот.

Со трите поени, Јуве се искачува на четвртото место, со осум поени зад лидерот Интер, но уште поважно поен пред Аталанта, која денес беше изненаден од Каљари дома. Верона останува на деветтото место на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top