Top Sport

Мане и Салах спречија сензација на „Енфилд“, Зијеш го спаси Челси

Ливерпул со пресврт го победи Норич, Челси се провлече на гостувањето кај Кристал Палас, Саутемптон продолжија со успешната серија, Арсенал рутински го победи Брентфорд, а Вотфорд и Барнли забележаа значајни гостински победи во борбата за опстанок.

Ливерпул го победија Норич со 3:1. Головите беа постигнати во второто полувреме. Рашица го шокираше „Енфилд“ во 48.минута, израмни Мане со убав гол во 64.минјта. Салах погоди три минути подцна, а Луиз Дијас со првенецот во Премиер лигата го постави конечниот резултат.

Челси се мачеа на „Слехртс парк“, кај Кристал Палас. Победата која им ги донесе бодовите им ја обезбеди Зијеш во 89.минута.

Резултати: Арсенал-Бретнфорд 2:1, Астон Вила-Вотфорд 0-1, Брајтон-Барнли 0:3, Саутемптон-Евертон 2:0.

Scroll to Top