Top Sport

Спектакуларен гол на Суарез – Атлетико победи во Памплона

Атлетико Мадрид, по шокантниот пораз од Леванте, успеа да слави на тешкото гостување во Памплона. „Јорганџиите“ ја совладаа Осасуна со 3:0 и се вратија на четвртото место на табелата.

Натпреварот во Поамплона го обележа голот на Луис Суарез во 59.минута. Уругваецот уште еднаш покажа дека е мајстор на фудбалската игра, го погоди голот на Ерера од 38,5 метри. На голот му претходеше одличното додавање од Жоао Феликс, топката патуваше 30 метри.

Претходно Португалецот им донесе предност на Атлетико во третата минута.

Поведата на тимот на Диего Симеоне, му ја обезбеди најдобриот стрелец Анхле Кореа во 89.минута.

Scroll to Top