Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, би можел повторно да ги обедини Садио Мане, Филипе Кутињо и Роберто Фирмино во еден клуб, и тоа во Саудиска Арабија, за кој настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.
Англискиот стратег постигнал договор за преземање на Ал-Етифак. Оваа вест допрва треба да биде официјално потврдена од клубот и се очекува тоа да се случи до крајот на неделата.
Sports Zone 🚨||
بطلب من الإسطورة جيرارد يرغب بـالتعاقد مع :
• كوتينهو 🇧🇷
• فيرمينهو 🇧🇷
• ساديو ماني 🇸🇳❤️🔥❤️🔥❤️🔥❤️🔥❤️🔥❤️🔥❤️🔥❤️🔥❤️🔥❤️🔥❤️🔥 pic.twitter.com/E0wxmn7dlK
— منبر الاتفاق (@EttifaqKSA) June 13, 2023
Во исто време, клубот е заинтересиран да доведе големи ѕвезди ова лето. Планот е да се обединат поранешни и сегашни фудбалери на Ливерпул. Садио Мане е на трансфер листата на Баерн Минхен, Фелипе Кутињо исто така би можел да ја напушти Астон Вила, а Роберто Фирмино е слободен агент откако му истече договорот на „Енфилд Роуд“.
Сите тројца од следната сезона би можеле да го облечат дресот на Ал Етифак, чиј член е и македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.