Top Sport

Мане пак блесна, Ливерпул се врати на врвот (видео)

Ливерпул се врати на првото место во Премиер лигата по тешко извојуваната 2:1 победа на гостувањето кај Фулам, за која најзаслужен е сенегалскиот напаѓач Садио Мане, кој постигна еден гол, а потоа во финишот на мечот изнуди пенал по кој Ливерпул дојде до победата.

Мане, прво во 26. минута во одлична акција со Фирмино успеа да донесе водство на „црвените“, но Фулам успеаја да израмнат во 74. минута откако поранешниот фудбалер на Ливерпул, Рајан Бабел ја искористи грешката на одбраната на Ливерпул.

Сепак, трите поени за тимот на Јирген Клоп ги осигура Џејмс Милнер, откако Серхио Рико направи несфатлив фаул над Мане во шестнаесетникот кога не постоеше вистинска опасност по голот на домаќините.

Ливерпул се враќа на првото место во Премиер лигата со 76 поени, два повеќе од Манчестер сити, кои сепак, имаат натпревар помалку. Фулам се „заковани“ на претпоследното место со 17 поени, дури 13 од безбедната зона.

Scroll to Top