Top Sport

Несторовски со два гола и асистенција, Палермо го „прегази“ Карпи (видео)

Палермо се доближи на еден поен од лидерите во Серија Б, Бреша, откако денеска со 4:1 го победи фенерџијата Карпи благодарение на одличниот старт на мечот на Илија Несторовски, кој имаше гол и асистенција во првите 15 минути.

Несторовски прво во 11. минута му асистираше на Фалети за 1:0, за само четири минути подоцна и самиот да ја затресе мрежата. Палермо, кој го следи финансиска неизвесност по пропаста на продажбата на клубот на американскиот конзорциум, потоа прими гол во 46. минута од мечот, но гостите добија два црвени картони за да осигураат сигурен финиш на мечот.

Во финишот на мечот, прво Пушкаш во 85. минута зголеми на 3:1, пред само две минути подоцна да му асистира на Несторовски за комплетирање на 4:1 триумфот. По ова Несторовски излезе од игра, придружуван од овации на „Ренцо Барбери“.

Палермо има 49 поени на второто место во Серија Б, еден помалку од лидерот Бреша, но и три повеќе од третопласираната Верона.

Scroll to Top