Top Sport

Мане повеќе нема да шутира пенали на Африканскиот куп

Садио Мане со Сенегал ќе игра во четврт-финалето на Африканскиот куп. Сенегалците синоќа со 1:0 ја елиминираа селекцијата на Уганда.

Единствениот гол на мечот го постигна Мане во 15 минута, а играчот на Ливерпул имаше можност да го зголеми резултатот во 61 минута, меѓутоа не успеа да реализира пенал.

Мане на годинешното издание на Африканскиот куп искористи само еден од трите пенали. Поради тоа тој изјавил дека до крајот на натпреварувањето ќе му ја препушти таа улога на некој од соиграчите.

„Морам да мислам на тимот…Тимот ми даде три шанси, јас промашив два пати. Нема да се откажам, но сакам и другите да добијат шанса додека трае Африканскиот куп. А потоа кога ќе се вратам во клубот ќе работам да се вратам на вистинскиот пат кога е во прашање изведувањето на пенали“, рекол Мане.

Scroll to Top