Садио Мане тврди дека ќе направи тоа што „60 или 70 отсто“ од Сенегалците го сакаат, односно, дека ќе си замине од Ливерпул, потврдувајќи ги шпекулациите дека е пред излез од „Енфилд“, со Баерн Минхен како фаворити за неговиот потпис.
На прес-конференција пред мечот од квалификациите за Африканскиот куп на нации против Бенин, Мане ја потврди желбата да замине од Ливерпул.
„Како и сите други и јас сум на социјалните мрежи и ги следам коментарите. Нели 60-70 отсто од Сенегалците сакаат да го напуштам Ливерпул? Ќе го направам то што го сакат. Ќе видиме наскоро. Не се брзаме“, изјави Мане.
30-годишниот напаѓач има договор со Ливерпул до 2023, откако помина шест години со клубот и сега е подготвен за нов предизвик.