Фудбалерите на Милан беа славенички расположени по вчерашниот драматичен 2:1 триумф над Интер кој повторно ја „отвори“ трката за титулата во Серија А, но најинтересен на социјалните мрежи беше голманот Мајк Мањан.
Францускиот голман беше еден од најзаслужните за победата покрај неговиот сонародник и стрелец на двата гола Оливие Жиру, откако направи најмалку четири клучни одбрани, по што откри што се случило пред мечот.
„Вчера сакав да го паркирам автомобилот на стадионот, но човекот ми кажа дека мора да останам надвор од паркингот, бидејќи Интер е домаќин овој викенд. Му одговорив дека мора да смениле нешто без моја дозвола. ‘Сан Сиро’ е домот на Милан“, напиша Мањан на Твитер.
Hier quand j'ai voulu garer ma voiture au stade :
Le voiturier?: désolé mais aujourd'hui ta voiture doit rester dehors ! C'est la maison de l'Inter ce week-end !
Moi ? : t'as juste changé le décor sans mon autorisation ! San Siro m'a été présenté comme la maison de l'AC Milan pic.twitter.com/ROxR5aQNQu
— Mike Maignan (@mmseize) February 6, 2022