Top Sport

Манолас сопрен од финансиската полиција на аеродромот во Неапол

Дефанзивецот на Наполи, Костас Манолас доби казна од италијанската финансиска полиција, откако на царинска проверка на аеродромот во Неапол, со себе носел повеќе од дозволените 20.000 евра.

Според „Ла газета дело спорт“, 30-годишниот Манолас се враќал  во Грција оради медицински причини, но царинската служба му пронашла голема сума на кеш на проверка на аеродромот „Каподикино“.

Манолас имаше тешка сезона со Наполи, пропуштајќи десет натпревари поради повреди, и има само четири настапи во Серија А под Лучано Спалети.

Scroll to Top