Аргентинското обвинителство обвини седум лица за смртта на Диего Армандо Марадона. „Ел Пибе“, почина на 25.ноември минатата година во Буенос Аирес.
Светските медиуми пишуваат дека постои сомнеж дека Марадоне е убиен со намера. Агенцијата ЕФЕ објави дека обвинетите ќе мора да дадат изјави и дека обвинителството им заранило да ја напушта Аргетнтина.
За смртта на Марадона обвинети се хирургот Леполдо Луке, психијатрот Агустин Косаков, психологот Карлос Дијаз и медицинските лица Дајана Мадрид, Рикардо Алмирон, Маријано Перони и Нанси Форлини.
Доколку обвинителството ја докаже вината овие лица се соочуваат со затвориски казни од осум до 25 години.