Top Sport

Марадона јуниор: Само лаици можат да го споредуваат Меси со мојот татко

Аргентинците се уште се во шок по вчерашниот пораз од Саудиска Арабија (1:2), на Светското првенство во Катар. Навивачите и медиумите, вината за историскиот пораз ја најоа во лошата игра на Лионел Меси.

Лионел Меси, дефинитивно е е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, за многумина и најдобриот, но тој нема таков статус во Аргентина. За фановите во оваа земја, Меси не може да застане во иста реченица со Диего Армандо Марадона.

Причината е јасна, Марадона ја предводеше Аргентина до светската титула во 1986 година.

На оваа тема по поразот од Саудиска Арабија се огласи и Диего Марадона јуниор.

„Меси го споредуваат со мојот татко само оние кои немаат поим од фудбалот. Зборуваме за две различни планети, но не сакам веднаш да го фрлам со камења по Лионел“, изјави Марадона јуниор по натпреварот помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија. Арабија.

Интересно, на оваа тема тој зборуваше и пред неколку месеци.

„Меси е најдобриот во историјата на човештвото и јас го ценам. Сепак, татко ми не беше човек. Тоа е разликата помеѓу нив двајца”, изјави Марадона јуниор.

Аргентина и покрај поразот се уште има шанси да се пласира во осмина-финалето. На 26.ноември Аргентина ќе игра против Мексико, а четири дена подоцна против Полска.

Scroll to Top