Top Sport

Марадона: Манчестер јунајтед ако сакаат титули нека ме викнат мене

Аргентинската фудбалска легенда, Диего Марадона, во интервју за магазинот „FourFourTwо“ вели дека ако Манчестер јунајтед сакаат повторно да освојуваат титули, треба да го постават него на клупата.

Марадона во моментов е менаџер на мексиканскиот клуб Дорадос, а претходно беше менаџер во Обединетите Арапски Емирати, но и на клупата на аргентинската репрезентација.

„Ако на Манчестер јунајтед им е потребен тренер, јас сум човекот за тоа. Знам дека продаваат многу дресови  низ целиот свет, но ако сакаат да освојуваат трофеи, јас сум тука за нив“, вели Марадона.

Тој признава дека Јунајтед долго време е неговиот омилен клуб.

„Манчестер јунајтед одамна е мојот омилен англиски клуб. Толку големи фудбалери и фантастичен тим под Алекс Фергусон. Но, во моментов посилни се Манчестер сити. Знам дека такви промени не се прифаќаат во Англија, но сега велам Сити поради Кун Агуеро. Во Јунајтед ми се допаѓа Андер Ерера, но Пол Погба едноставно не работи доволно. Играв на ’Олд Трафорд’ во четврт-финалето на Купот на куп победници во 1983/84 и се сеќавам дека имаше голема бучава. Како на ’Ла бомбонера’“, додава Марадона.

Scroll to Top