Аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона можеби ќе мора да оди на операција на коленото пред да ја преземе улогата на коментатор пред Мундијалот во Русија.
Марадона е примен во болницата во Кали, Колумбија, кај истиот доктор што му ги оперираше двете колена пред 17 години, д-р Херман Очоа. 57-годишниот Марадона се мачел со болки во колената последните четири месеци, и планира да оди на операција на левото колено.
„Се работи за детална проверка на коленото. Правиме проценки дали се потребни хируршки зафати“, вели докторот.
Според колумбиските медиуми тој би останал во болница шест до осум дена. Марадона од неодамна стана претседател на бордот на белорускиот клуб, Динамо Брест.