Диего Марадона вели дека не разбира зошто не е во „игра“ да стане аргентински селектор по отпуштањето на Хорхе Сампаоли по мизерниот настап на Мундијалот во Русија.
Марадона беше аргентински селектор на СП во 2010 година, а моментално има поинаква работа – претседател е на белорускиот фудбалски клуб Динамо Брест. Тој своето мислење го кажа со долг пост на Инстаграм.
„Во однос на аргентинската репрезентација, навистина ми пречи што дел од новинарите не ме поставуваат во можно решение. Аргентинските медиуми постојано зборуваа за можни опции, но не и за мене. Но, тоа е нашиот аргентински свет. Дел од тие ги познавам од времето кога уште играв, но сега како да не ме познаваат. Во секој случај имам тригодишен договор со Динамо кои го имаат моето ветување. Сепак, за аргентинската репрезентација би го дал животот“, пишува Марадона.