Top Sport

Марадона во солзи се потсети на детството во сиромаштија

Легендата на аргентинскиот фудбал, Диего Армандо Марадона заврши во солзи потсетувајќи се на тешкото детство во апелот за добротворната организација „Коразонес солидариос“, која собира храна за сиромашните.

Поранешниот фудбалер на Барселона и Наполи побара од луѓето да покажат солидарност кон најсиромашните, потсетувајќи се на своето детство во Вила Фиорито предградието на Буенос Аирес.

„Целата моја љубов кон ’Коразонес солидариос’. Целата моја љубов, љубовта на мојата стара мајка. Помогнете да се нахранат луѓето. Не се преправам бидејќи верувајте дека во Фиорито страдав од повеќе од само студенилото“, вели Марадона во видеото потсетувајќи се на својата покојна мајка во Аргентина позната како Дона Тота.

59-годишниот Марадона, кој во минатото се бореше со проблеми со тежината и со зависност од кокаин, го поминува карантинот во својот дом во Бела Виста во близината на Буенос Аирес, каде што работи како тренер на Гимназија Ла Плата.

Scroll to Top