Лошиот пораз на Аргентина од 2:0 од Колумбија во првиот меч на Копа Америка го налути легендарниот Диего Марадона, кој влезе во остар напад на сите фудбалери кои според него не се достојни да го носат дресот.
Аргентина и покрај тоа што речиси секогаш има огромни ѕвезди во својот состав, последен пат освои голем трофеј во 1993 година (Копа Америка), откако загубија две финалиња на Копа Америка и едно на Светското првенство.
„Овој тим би загубил и од Тонга! Постои престиж кој треба да се заддржи и за кој сме се бореле. Се сеќавате кога загубивме од Перу кога го искршивме автобусот? Што остана од тоа? Што е овој дрес? Го навредувате дресот, копилиња“, напиша Марадона, кој неодамна се откажа од тренерското место во мексиканскиот второлигаш Дорадос поради медицински причини.