Top Sport

Салах нема да биде казнет (Видео)

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, нема да биде казнет поради наводниот обид за удирање на противнички фудбалер, на натпреварот против Стоук, соопшти Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).

Ливерпул и Стоук, во саботата, во рамките на 36.коло одиграа без голови, а судијата Андре Маринер не го забележал дуелот помеѓу Салах и дефанзвецот на Стоук, Бруно Мартинс Инди.

Напаѓачот на Ливерпул, направил потег кој на видео снимката делува како обид за удирање на противникот. Посебна комисија на ФА го анализирала овој момент, меѓутоа тројцата поранешни судии во анализата, утврдиле дека не станува збор за никаков спорен момент.

Доколку комисијата пресудеше поинаку, најдобриот стрелец во Премиер лигата (31 гол), се соочуваше со суспензија од три натпревари.

Scroll to Top