Top Sport

„Совршената“ Свитолина преку Вознијацки до полуфиналето во Сингапур

Украинката Елина Свитолина го освои и третиот меч во низа на ВТА финалето во Сингапур, откако во тешка битка со 5:7/7:5/6:3 ја победи гренд слем шампионката Каролине Вознијацки и го потврди местото во полуфиналето на елитниот завршен турнир.

Свитолина се врати од сет негатива за импресивната победа, нејзина трета на турнирот, откако претходно ги победи и Петра Квитова и Каролина Плишкова. Таа е прва носителка во својата група, а во полуфиналето покрај неа оди и Плишкова, која претходно првпат во кариерата ја победи Квитова за второ место во групата.

„Неверојатно! Пресреќна сум. Против Каролине секогаш морате да одите до максимум во секој поен и ова беше ментално исцрпувачки. Ова е огромно постигнување за мене, и работев напорно да стигнам дотука. Уште не е готово и подготвена сум за нова победа“, изјави Свитолина.

Scroll to Top