По сите контроверзи околу судењето на СП во Катар, ФИФА потврди дека искусниот полски судија, Шимон Марчинијак ќе биде главен судија на големото финале помеѓу Аргентина и Франција.
Марчинијак веќе им судеше на двете репрезентации на овој Мундијал – на Франција против Данска во групната фаза (2:1) и на Аргентина во осминафинлето против Австралија (исто така 2:1).
Италијанецот Даниеле Орсато и Мексиканецот Цезар Рамос беа на удар на критики за своите одлуки во полуфиналните пресметки, а мароканската репрезентација веќе поднесе официјална жалба за судењето на Рамос при 2:0 поразот од Франција.