Top Sport

Марез ги врати Сити на првото место на стадион со НФЛ ознаки! (видео)

Ријад Марез го постигна единствениот гол за да ги врати шампионите Манчестер сити на првото место на табелата на Премиер лигата, откако „граѓаните“ триумфираа со 0:1 на „Вембли“ против Тотенхем, на стадион на кој уште ги имаше ознаките од НФЛ мечот кој се играше на славниот лондонски стадион.

Тотенхем уште чекаат преселба на обновениот „Вајт харт лејн“, кој ќе биде отворен дури во јануари (ако се остварат најавите), така што имаа незгоден терен да го пречекаат тимот на Пеп Гвардиола.

Сити „удри“ рано, уште во шестата минута, кога Рахим Стерлинг доби одлична топка во нападот и го пронајде Алжирецот во центарот на шестнаесетникот, кој не згреши од ваква позиција. Со оваа победа, Сити повторно е прв со 26 поени, исто како и второпласираниот Ливерпул, но со подобра гол разлика (27:3 спрема 20:4). Тотенхем, со ова ја прекина низата од четири победи во ПЛ, и останува петти со 21 поен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top