Top Sport

Марез ќе игра во „Комјунити шилд“ против Челси

Најскапиот играч во историјата на Манчестер сити, Ријад Марез, ќе биде подготвен да настапи в недела, во „Комјунити шилд“, против Челси, меч со кој традиционално се отвора новата сезона во Англија.

Алжирецот, кој во овој преоден рок ги засили редовите на Манчестер сити, се повреди пред неколку дена на пријателскиот натпревар против Баерн Минхен во САД.

Првичните прогнози и реакциите на стручниот штаб на Пеп Гвардиола, беа дека Алжирецот ќе го пропушти почетокот на сезоната, меѓутоа деталните прегледи откриле дека повредата не е толку сериозна.

„Скенирањето покажа дека нема посериозни оштетувања на зглобот на левата нога, каде што Марез доби удар“, соопшти клубот.

Дуелот на шампионот и освојувачот на Купот, Манчестер сити и Челси, на програмата е в недела од 16 часот.

Scroll to Top