Top Sport

„Отпадникот“ Бен Арфа ги „турна“ Монако во уште поголема криза (видео)

Монако по девет кола во француската Лига 1 е во зоната на испаѓање, откако поранешниот бунтовник на ПСЖ, Хатем Бен Арфа успеа да ги предводи Рен до 2:1 победа на „Луј Втори“.

Бен Арфа прво во 14. минута го изведе корнерот по кој Да Силва донесе водство за гостите, по што Монако остана со играч помалку по исклучувањето на Раџи. Радамел Фалкао постигна редок гол оваа сезона за момците од Кнежевството во 49. минута, за да ја врати надежта на домашниот тим, пред Бен Арфа во 77. минута да ја искористи лошата одбрана на Хрватот Субашиќ за да обезбеди три поени за Рен.

Марсеј немаше вакви проблеми и со головите на Тован и Митроглу стигна до 2:0 победа над Каен, додека претходно Бордо со високи 3:0 ги совлада Нант и му го расипа дебито на клупата на Вахид Халилхоџиќ.

Фото: ЕПА

Scroll to Top