Top Sport

Марија Соле ќе суди натпревари во Серија А

Марија Соле Фериери Капути влегува во историјата како првата жена судија која ќе ја дели фудбалската правдата на натпреварите во Серија А. Марија има 31 година и ќе дебитира во најсилната фудбалска лига во Италија во новата сезона 2022/23.

Минатата сезона таа исто така испиша историја, кога стана првата жена што му судела на тим од Серија А. Таа го судеше натпреварот во Купот на Италија помеѓу Каљари и второлигашот Цитадела.

Марија Соле Фериери Капути суди во 2007 година.

„Тоа ќе биде добар момент за фудбалот во Италија. Тажно е да се мисли дека некој треба да биде воодушевен од присуството на жена. Очигледно веста е дека Марија Соле ќе биде првата жена во Серија А. Тоа е историски момент, но треба да се каже дека напредна поради квалитетот, а не поради некои други привилегии“, изјави претседателот Здружението на судии (АИА), Алфредо Тренталанга. .

Пред месец и половина Французинката Стефани Фрапарте, Салима Мукансанга од Руанда и Јапонката Јошими Јамашита беа избрани да судат на СП во Катар во 2022. Тоа ќе биде првпат во историјата жени да судат на Светското првенство за мажи.

Scroll to Top